КРИПТО ВО КЕШ: Kraken и MoneyGram со историско партнерство за глобални исплати

Имајки ги во предвид податоците дека Македонија како дознаки од странство добиле околу 2,2 милијарди евра, од кои 1,6 милијарди во кеш и нешто над 600 милиони низ Wester Union и Moneygram, оваа вест овде одекнува како големо освежување што за брзиот трансфер на пари, што и за крипто заедницата.

Home » News » КРИПТО ВО КЕШ: Kraken и MoneyGram со историско партнерство за глобални исплати

Една од најстарите крипто-берзи во светот , Kraken, официјално го лансираше своето стратешко партнерство со гигантот за трансфер на пари MoneyGram. Оваа соработка им овозможува на корисниците да ги конвертираат своите дигитални средства во готовина (кеш) на речиси 500.000 физички локации ширум светот.

Глобален мост меѓу дигиталното и физичкото

Услугата за „Cash Out“ веќе е активна во над 100 држави. Примарната цел, според ко-извршниот директор на Kraken, Арџун Сети, се корисниците на пазарите со висока инфлација и нестабилни валути кои го користат Kraken како сигурен склад за вредност (примарно преку USD и стабилни монети).

Кои држави се опфатени?

САД и Латинска Америка: Целосна интеграција со доларот и локалните валути.

Европа (ЕЕА): Повеќето земји од ЕУ веќе имаат пристап до исплата преку локалните MoneyGram застапништва.

Азија и Африка: Клучни пазари како Филипини, Виетнам и Нигерија се меѓу првите кои ја добија услугата.

Каде е Македонија во оваа приказна?

Иако мрежата на MoneyGram е присутна во секој град во Македонија, домашните корисници на Kraken ќе мора да почекаат уште малку за целосна имплементација.

Проблемот е двоен:

Локална регулатива: Македонските закони за девизно работење и спречување перење пари бараат специфични усогласувања за исплата на готовина која потекнува од продажба на криптовалути.

Валутен режим: Опцијата на MoneyGram во моментов работи исклучиво преку USD баланс. Бидејќи Kraken за македонските резиденти примарно овозможува европски канали (EUR/SEPA), повлекувањето во долари на физичка локација кај нас сè уште не е „отклучено“ во софтверот.

Новата ера на „Krak“: Kraktags и Paylinks

Сепак додека го чекаме физичкиот кеш, Kraken веќе го менува начинот на кој се праќаат пари дигитално преку својата нова апликација Krak.

Kraktags – Вашиот крипто идентитет

Заборавете на долгите 0x… адреси. Со Kraktags, секој корисник добива уникатно корисничко име (пр. @Mite_stip).

Што добивате? Инстантни, бесплатни трансфери меѓу корисниците на Kraken.

Приватност: Не мора да ги споделувате вашите лични податоци – само вашиот таг.

Како работи? Избирате која валута сакате да ја испратите, ја впишувате вредноста, го внесувате тагот (@kire_skopje) , притискате send  и средствата се пратени

Paylinks – Пратете пари преку обичен линк

Ова е можеби најголемата иновација за масовно прифаќање. Paylinks ви овозможуваат да испратите крипто или фиат на секого – дури и ако примачот нема крипто паричник или сметка на берза.

Како работи? Вие креирате сума во апликацијата и добивате сигурен линк. Линкот го праќате преку WhatsApp, Viber или Messenger.

Како се подигнуваат парите? Примачот кликнува на линкот и преку едноставен процес на регистрација (claim) ги презема средствата на својата нова сметка.

Додека MoneyGram да  ја изгради физичката инфраструктура, Kraktags и Paylinks веќе ги решаваат техничките бариери. За македонските граѓани, ова значи дека криптото станува „просто и едноставно“ – лесно за праќање меѓу роднините и пријателите, додека чекаме регулативата да дозволи слободен тек до локалните менувачници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Best Exchanges

Платформата поддржува над 350 криптовалути и токени за тргување, со повеќе од 1.200 различни трговски парови.

над 50 милиони регистрирани корисници ширум светот

Платформата брои над 8 милиони корисници ширум Европа.

Crypto.com има над 100 милиони регистрирани корисници ширум светот.

Oпслужуваат стотици илјади активни клиенти во над 150 земји.