Мрежата Sui (SUI), една од најпромовираните блокчејн платформи за висока скалабилност, помина низ исклучително бурен период од 48 часа. .
Мрежата Sui (SUI), една од најпромовираните блокчејн платформи за висока скалабилност, помина низ исклучително бурен период од 48 часа. .

Синџирот доживеа дури три последователни прекини во работата, оставајќи ја мрежата офлајн повеќе од 15 часа во текот на два дена. Фондацијата Sui соопшти дека по серија итни интервенции, во понеделник наутро сите системи се стабилизирани преку „голема надградба“, но пазарот веќе ги чувствува последиците.
Проблемите за Sui започнаа во четвртокот (28 мај) наутро, кога мрежата ненадејно престана да процесира трансакции во времетраење од околу 6 и пол часа. Како што подоцна објасни Фондацијата Sui, виновник за ова е „crash bug“ во софтверското ажурирање 1.72, поврзан со начинот на наплата на гас (gas-charging). Поради грешката, системот наплаќал средства пред да откаже трансакции со недоволен баланс, со што се создавале негативни биланси кои буквално го урнале системот.
За да ја вратат мрежата во функција што е можно побрзо, програмерите пуштиле привремено решение (interim fix). Сепак, како што пренесуваат медиумите, девелоперите свесно ризикувале – тие знаеле дека привременото решение има ниска веројатност да предизвика нов дефект. Ризикот не се исплатеше: во петокот наутро мрежата падна по вторпат (околу 3 и пол часа) токму поради тој познат недостаток.
Третиот дефект, кој траеше скоро 6 часа во петокот попладне, се случи при обидот за комплетно рестартирање на мрежата и премин во следната ера (epoch change). Тогаш се активирала нова, скриена грешка со состојбата на случаен избор (randomness-state bug), која целосно го блокирала процесот кај валидаторите.
Од Фондацијата Sui побрзаа да ја смират јавноста со две клучни тврдења:
Фондовите на корисниците се безбедни: Ниту еден денар или токен не бил загрозен, а мрежата не поништила ниту една претходно зачувана трансакција.
Помош од AI: Во дијагностицирањето на комплексните грешки, пребарувањето на лог-датотеките на валидаторите и склопувањето на метриката, развивачите користеле агенти со вештачка интелигенција (AI), во кои фондацијата планира уште повеќе да инвестира во иднина за подобра резилентност.
Катастрофален тајминг за институционалните инвеститори
Она што дополнително ја влоши ситуацијата е фактот што вториот пад на мрежата во петокот коинцидираше со историското деби на фјучерс договорите за Sui на престижната берза CME Group. Овој лош тајминг сериозно ја наруши довербата кај големите институционални играчи кои во моментот на лансирањето на финансискиот производ се соочија со замрзнат блокчејн.
Како резултат на ова, цената на токенот SUI забележа пад од околу 11%, лизгајќи се од 99 центи во четвртокот пред прекините, на околу 88 центи во понеделникот. Дополнителен притисок врз цената денес (1 јуни) прави и претходно закажаното отклучување на нови 23,78 милиони SUI токени, што внесува дополнителен страв кај инвеститорите од зголемена понуда на пазарот во ек на криза.
Инцидентот со Sui уште еднаш ја отвора вечната дебата во крипто-заедницата за балансот помеѓу брзината на развој и стабилноста на мрежата. Како 13-ти најголем блокчејн со над 519 милиони долари заклучена вредност (TVL) и дом на 137 протоколи, Sui има амбиција да опслужува мејнстрим финансиски институции. Но, три падови во 48 часа, заедно со претходните инциденти во јануари годинава и ноември 2024, покажуваат дека мрежата сè уште страда од „детски болести“.
Фактот што девелоперите свесно прифатиле ризичен фикс кој довел до нов колапс, ја нагласува ранливоста на централизираното носење одлуки во итни ситуации. Иако употребата на AI за дијагностика е иновативен и позитивен чекор напред, за институционален успех е потребна апсолутна предвидливост. За cryptool.pro, клучниот заклучок е следниот: Sui останува моќен технолошки контендер, но инвеститорите мора да бидат претпазливи во наредниот период додека мрежата не докаже дека софтверската верзија по „големата надградба“ може да издржи подолг период без потреба од итни интервенции. Тајмингот со CME и отклучувањето на токените создаваат краткорочен мечешки (bearish) притисок, па во следните денови цената на SUI ќе биде под зголемен лупа на трејдерите.