⚡ БЛИЦ ВЕСТИ: Пазарни потреси, MiCA чистка и AI милијарди
⚡ БЛИЦ ВЕСТИ: Пазарни потреси, MiCA чистка и AI милијарди
📉 Биткоин под $63,000: Притисок од ETF одливи и Кореја. Крипто пазарот ја следи корекцијата на глобалниот Тек сектор (инспириран од падот на акциите за чипови во Јужна Кореја). BTC падна на околу $62,300, таргетирајќи ја силната поддршка на $60,000–$62,500, дополнително оптоварен од рекордни ЕТF одливи.
🪪 MiCA чистка: 80% од менувачниците надвор од Европа? Директорот на OKX Europe предупредува дека огромно мнозинство од крипто платформите нема да ги преживеат строгите ЕУ правила. Од друга страна, Bitcoin Suisse веќе обезбеди CASP лиценца преку Лихтенштајн за легална експанзија во ЕУ.
📃 Нов Ethereum стандард за Децентрализиран AI. Pocket Network Foundation (PNF) го поднесе нацрт-стандардот ERC-8294. Целта е да се овозможи децентрализирани мрежи од валидатори (наместо една адреса) да служат како независен „слој на доверба“ за верификација на AI агенти на Ethereum.
🔮 Мета влегува во Prediction Markets? Марк Закерберг и Мета планираат развој на сопствена апликација за пазари на предвидувања (обложување на реални настани). Инспирацијата доаѓа директно од огромниот волумен на Web3 платформите како Polymarket.
🤖 3 милијарди долари за AI стартапи. Венчур-гигантот Menlo Ventures затвори масивен нов фонд наменет исклучиво за инвестиции во вештачка интелигенција. Секторот покажува дека институционалниот глад за AI инфраструктура останува на историски максимум.