На 24 октомври во Coworking Prilep се одржува блокчејн самитот „Револучејн“. Настанот носи предавања за Web3 и AI, како и хакатон со поддршка од Avalanche Foundation.
На 24 октомври во Coworking Prilep се одржува блокчејн самитот „Револучејн“. Настанот носи предавања за Web3 и AI, како и хакатон со поддршка од Avalanche Foundation.
Македонската технолошка сцена докажува дека иновациите одамна не се ексклузивно врзани само за главниот град. Прилеп во сабота, на 24 октомври 2026 година, ќе биде епицентарот на најновите трендови во Web3 просторот и вештачката интелигенција преку претстојниот блокчејн самит „Револучејн“.
Во организација на Здружението „Тренд Технологии“, просторот на Coworking Prilep (од 09:00 до 18:00 часот) ќе ги отвори вратите за овој настан насочен кон децентрализираните технологии, практичната примена на вештачката интелигенција и градењето одржлив локален и регионален иновациски екосистем.
Агендата на самитот носи целодневна програма од предавања, експертски панел-дискусии и интензивен хакатон што привлекува сериозно внимание од девелоперската заедница.
Клучен момент за домашните програмери и ентузијасти е тоа што хакатонот се реализира со официјална поддршка од Avalanche Foundation, отворајќи врата за градење решенија на една од најбрзите и најскалабилните мрежи денес. Покрај предвидените награди за најуспешните тимови, победникот ќе добие директна менторска поддршка од Zephyr Ангели за претставување на својата идеја пред бизнис-ангели и потенцијални инвеститори.
Самитот е концепиран како сеопфатна платформа за поврзување на клучните чинители во индустријата:
Како медиум посветен на едукацијата и деталната анализа на децентрализираните технологии, cryptool.pro силно ги поддржува ваквите иницијативи што градат функционална домашна заедница и отвораат директен пристап до глобалните иновациски мрежи.
Локација: Coworking Prilep
Датум и време: 24 Октомври 2026 | 09:00 – 18:00 ч.
Краен рок за хакатонот: 23 октомври до 18:00 часот
Регистрација за настанот: Преку платформата Luma.com