Samsung Wallet подготвува револуција: Поддршка за стејблкоини на Galaxy уредите!

Samsung Wallet воведува нативна поддршка за стејблкоини на Galaxy уредите. Овој потег им овозможува на стотици милиони корисници брзи, евтини и директни прекугранични плаќања со дигитални долари. Дознајте што значи ова за масовното усвојување на криптовалутите!

Home » News » Samsung Wallet подготвува револуција: Поддршка за стејблкоини на Galaxy уредите!

Јужнокорејскиот гигант Samsung најави интеграција на дигитални долари директно во Samsung Wallet, отворајќи ја вратата за масовно усвојување на криптовалутите.

Технолошкиот гигант Samsung Electronics прави уште еден гигантски чекор кон соединување на традиционалните и крипто-финансиите. За време на годишниот настан Galaxy Unpacked, компанијата официјално потврди дека Samsung Wallet наскоро ќе добие поддршка за стејблкоини (stablecoins).

Овој потег го позиционира Samsung како еден од првите глобални мобилни брендови што овозможува нативна интеграција на стабилни дигитални средства директно на паметните телефони.

Од класичен паричник до крипто-екосистем

Според Ли Динам, менаџер за производи во Samsung, визијата на компанијата е создавање на единствена платформа каде што корисниците ќе можат беспрекорно да управуваат со картички, награди и дигитални средства.

„Samsung Wallet ќе се прошири надвор од готовината и заштедите. Ќе ги опфати новите форми на дигитална вредност, вклучително и стејблкоините. Ова овозможува брз и доверлив пренос на вредност директно преку паметните телефони,“ – истакна Динам

Иако од компанијата сè уште не откриваат кои конкретно стејблкоини (како USDT, USDC и сл.) ќе бидат поддржани, ниту пак точниот датум на лансирање, стратегијата е повеќе од јасна — крипто-плаќањата стануваат мејнстрим.

Што значи ова за крипто-пазарот?

За крипто-индустријата, интеграцијата на стејблкоини од страна на гигант како Samsung значи две клучни работи:

🟢Масовно усвојување (Mass Adoption): Со над стотици милиони активни Galaxy корисници ширум светот, пристапот до дигиталните валути станува достапен со само еден клик, без потреба од комплицирани надворешни апликации.

🟢Брзи и евтини трансакции: Стејблкоините врзани за американскиот долар овозможуваат инстантни прекугранични трансфери со минимални провизии, заобиколувајќи ги бавните банкарски системи.

Ова е само продолжение на крипто-амбициите на Samsung. Претходно, компанијата ја прошири соработката со крипто-берзата Coinbase. Со оваа овозможи на десетици милиони корисници во САД да купуваат криптовалути директно преку Samsung Wallet.

💡Заклучок

Со додавањето на стејблкоините, Samsung Wallet прераснува од обичен дигитален паричник за платежни картички во моќен финансиски центар на иднината. Останува да видиме кои крипто-партнерства ќе ги објави Samsung во следниот период. Вклучително која мрежа и кога оваа функција ќе стане достапна за корисниците во Европа.

Следете го cryptool.pro за сите најнови вести од светот на криптовалутите, блокчејн технологијата и дигиталните финансиски иновации.

⛔Disclaimer

Забелешка: Информациите во овој артикл се од информативен карактер и не претставуваат финансиски или инвестициски совет. Крипто-средствата носат ризик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Best Exchanges

Платформата поддржува над 350 криптовалути и токени за тргување, со повеќе од 1.200 различни трговски парови.

над 50 милиони регистрирани корисници ширум светот

Платформата брои над 8 милиони корисници ширум Европа.

Crypto.com има над 100 милиони регистрирани корисници ширум светот.

Oпслужуваат стотици илјади активни клиенти во над 150 земји.