SWIFT активира сопствен блокчејн леџер со Chainlink и 17 глобални банки

SWIFT официјално го лансираше својот нов блокчејн леџер компатибилен со EVM. Во соработка со Chainlink и 17 глобални банки, традиционалниот финансиски гигант започнува со трансакции во живо, спојувајќи го традиционалниот капитал со Web3 технологијата.

Home » News » SWIFT активира сопствен блокчејн леџер со Chainlink и 17 глобални банки

Додека крипто заедницата дебатира за масовна адаптација, банкарскиот гигант SWIFT направи одлучувачки чекор. По само девет месеци развој, нивната нова блокчејн инфраструктура е подготвена за трансакции во живо. Успешно спојувајќи го традиционалниот капитал со моќта на паметните договори.

Традиционалниот финансиски систем штотуку доживеа една од најголемите технолошки надградби во својата историја. SWIFT (Глобалната мрежа за меѓубанкарски телекомуникации) официјално објави дека нивниот сопствен блокчејн-базиран леџер е подготвен за употреба. Вкупно 17 водечки светски банки од шест континенти веднаш започнуваат со пилотирање на трансакции во живо. Примарна цел, да овозможат прекугранични плаќања во режим 24/7 и радикално да ја подобрат глобалната ликвидност.

Она што започна како концепт пред помалку од една година, денес е реалност во активирана фаза.Со тоа ја означи најважната пресвртница за токенизацијата на реалните средства (RWA) и регулираните дигитални валути досега.

Технолошкиот арсенал: Каде се спојуваат Ethereum и SWIFT?

За разлика од досегашните затворени и изолирани банкарски системи, новиот леџер на SWIFT е изграден на исклучително напреден и препознатлив технолошки столб за крипто ентузијастите:

  • Hyperledger Besu и EVM компатибилност. Новата инфраструктура користи архитектура компатибилна со EVM (Ethereum Virtual Machine). Ова значи дека SWIFT ја позајмува развојната логика и безбедноста на паметните договори (smart contracts) карактеристични за Ethereum. Сепак во приватно, строго регулирано и супер-брзо опкружување.
  • Chainlink (CCIP) како врховен мост. Највозбудливиот детал за Web3 сцената е потврдата за официјална соработка со Chainlink. За да постигне целосна интероперабилност, SWIFT го интегрира Протоколот за прекугранична интероперабилност (CCIP) на Chainlink. Овој протокол ќе дејствува како безбеден технолошки мост кој ќе го поврзува новиот леџер на SWIFT не само со внатрешните банкарски мрежи, туку и со други надворешни приватни и јавни блокчејнови.

Токенизирани депозити, CBDC и крај за „викенд паузите“ во банкарството

Главното гориво за овој леџер нема да бидат шпекулативни криптовалути, туку строго регулирани дигитални средства. Системот е дизајниран да олеснува инстант порамнувања со помош на:

✔️Токенизирани депозити (издадени од самите комерцијални банки на нивните леџери).

✔️Дигитални валути на централните банки (CBDCs).

✔️Регулирани стабилни монети (stablecoins).

Ова овозможува средствата на големите корпоративни клиенти да се движат со брзина и флексибилност својствена за DeFi секторот. Тоа значи во кое било време од денот, во сабота, недела или за време на празници — без да се чека отворањето на клириншките системи во понеделник наутро.

Откако трансакцијата ќе се оркестрира и потврди на блокчејн слојот, конечното порамнување беспрекорно се финализира преку веќе постоечките, докажани канали на SWIFT, со што се задржуваат највисоките стандарди за безбедност и усогласеност со регулативите.

Кои се пионерите на новиот систем?

По успешните првични тестирања во кои беа вклучени тешкаши како Citi, HSBC и JPMorgan, во оваа прва фаза на трансакции во живо влегуваат 17 банкарски гиганти од целата планета. Меѓу кои: BNP Paribas, BNY, UBS, Standard Chartered, ANZ, Wells Fargo, DBS, Lloyds Bank, MUFG и други.

„Со оваа нова способност на леџерот, ја прошируваме довербата и стабилноста на етаблираните финансии во новите граници на дигиталните пари“. – изјави Тјери Чилоси, главен бизнис директор во SWIFT. „Ова создава силна основа за идни иновации во области како што се програмабилните пари и агентската трговија (agentic commerce).“

🔍Анализа на Cryptool: Што значи ова за пазарот?

Овој потег на SWIFT е дефинитивна потврда дека институционалниот капитал повеќе не ја гледа блокчејн технологијата како експеримент. За нив дефинитивно е неопходна надградба на застарените финансиски шини.

За крипто просторот, а особено за проекти како Chainlink кои градат инфраструктура за поврзување на двата света, ова е огромен фундаментален плус. Традиционалните финансии (TradFi) и децентрализираните технологии забрзано се спојуваат во еден хибриден систем. Овде регулативата, брзината на блокчејнот и ликвидноста во реално време ќе бидат стандард. Следете го Cryptool.pro за нови ексклузивни анализи на оваа тема.

⛔Disclaimer

Овој текст е подготвен исклучиво за информативни и едукативни цели и не претставува финансиски, инвестициски или правен совет.

Информациите изнесени во текстот се базираат на јавно достапни податоци за развојот на блокчејн решенијата и интеграциите во финансискиот сектор до моментот на пишување. Тргувањето и инвестирањето во дигитални средства, токенизирани реални средства (RWA) и криптовалути вклучува висок степен на ризик и може да резултира со значителни финансиски загуби.

Порталот Cryptool.pro и авторот на текстот не преземаат одговорност за какви било директни или индиректни загуби или штети настанати како резултат на користење или потпирање на информациите содржани во оваа анализа. Пред да донесете каква било инвестициска одлука, секогаш направете сопствено истражување (DYOR) или консултирајте се со сертифициран финансиски советник.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Best Exchanges

Платформата поддржува над 350 криптовалути и токени за тргување, со повеќе од 1.200 различни трговски парови.

над 50 милиони регистрирани корисници ширум светот

Платформата брои над 8 милиони корисници ширум Европа.

Crypto.com има над 100 милиони регистрирани корисници ширум светот.

Oпслужуваат стотици илјади активни клиенти во над 150 земји.