СТРАТЕШКИ ПРЕСВРТ: Tether го враќа USDT на Биткоин мрежата преку напредниот RGB протокол

Tether најави стратешки пресврт со враќање на стабилниот коин USDT на Биткоин мрежата преку напредниот RGB протокол, нудејќи инстантни трансакции и максимална приватност.

Home » News » СТРАТЕШКИ ПРЕСВРТ: Tether го враќа USDT на Биткоин мрежата преку напредниот RGB протокол

Издавачот на најголемиот стабилен коин во светот најави технолошка револуција која може фундаментално да ја промени динамиката на Web3 плаќањата. Да ја врати ликвидноста таму каде што започна сè – на оригиналниот Биткоин блокчеин.

Овој потег многумина аналитичари го окарактеризираа како „историско враќање на корените“.Компанијата Tether официјално најави лансирање на својот стабилен коин (USDT) директно на Биткоин мрежата. Оваа интеграција нема да се потпира на застарени решенија. Ќе ја користи моќта на напредниот RGB протокол (v0.11.1), во соработка со инфраструктурниот пионер UTEXO.

За помладите крипто-ентузијасти, важно е да се напомене дека USDT започна токму на Биткоин. Во 2014 година преку тогашниот Omni Layer. Високите такси и бавноста на мрежата, го принудија Tether својата ликвидност да ја префрли на побрзите мрежи како Ethereum и Tron. Денес, со помош на RGB протоколот, приказната добива комплетно нов и супериорен технолошки контекст.

Што е RGB протокол и зошто е клучен за Web3?

Ethereum и Tron, кои користат глобален сметководствен модел (account-based) каде секоја трансакција мора да биде јавно процесирана од сите јазли на мрежата, RGB користи поинаква архитектура:

Валидација на страната на клиентот (Client-side validation) Податоците за паметните договори и трансакциите не се чуваат директно на самиот Биткоин блокчеин. Наместо тоа, блокчеинот се користи само како „сигурносно сидро“ (commitment) за спречување на двојно трошење.

Максимална приватност. Деталите за трансакциите со USDT не се трајно запишани на јавниот леџер. RGB овозможува исклучително високо ниво на доверливост на податоците. Оваа е критично барање за институционалните корисници и бизнисите.

Компатибилност со Lightning Network.Преку RGB, паметните договори и USDT токените можат да се префрлат на Lightning мрежата. Тоа значи инстантни трансакции, со речиси нула трошоци. Сепак поддржани од безбедноста на најмоќната децентрализирана компјутерска мрежа во светот.

Како ова ќе влијае врз пазарот?

Експертите предвидуваат дека овој чекор може сериозно да го загрози моменталниот монопол кој мрежата Tron (TRX)што го има врз секојдневните трансакции со USDT. На удар ќе се пазарите во развој каде ниските такси се приоритет. Доколку имплементацијата на UTEXO се покаже како стабилна и лесна за интеграција во дигиталните паричници, корисниците ќе добијат совршен спој. Брзина на Lightning Network, стабилност на доларот (USDT) и безбедност на Биткоин.

Овој спој на економска сигурност и врвна технолошка имплементација во блокчеин инфраструктурата го отвора патот кон следната фаза на Web3 еволуцијата. Биткоин престанува да биде само „дигитално злато“, туку станува примарен слој за децентрализирани финансии.

Мислење од Cryptool.pro: Следењето на интеграцијата на RGB е од суштинско значење за сите кои ја анализираат иднината на Real World Assets (RWA) и децентрализираните системи за плаќање. Враќањето на Tether на Биткоин не е само симболичен потег, туку стратешки напад врз конкурентските паметни платформи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Best Exchanges

Платформата поддржува над 350 криптовалути и токени за тргување, со повеќе од 1.200 различни трговски парови.

над 50 милиони регистрирани корисници ширум светот

Платформата брои над 8 милиони корисници ширум Европа.

Crypto.com има над 100 милиони регистрирани корисници ширум светот.

Oпслужуваат стотици илјади активни клиенти во над 150 земји.