Коалиција предводена од Nasdaq и Boerse Stuttgart бара ЕУ да го крене лимитот за токенизирани хартии од вредност на 1,5 трилиони евра или целосно да го укине за да се спречи заостанување зад САД.
Коалиција предводена од Nasdaq и Boerse Stuttgart бара ЕУ да го крене лимитот за токенизирани хартии од вредност на 1,5 трилиони евра или целосно да го укине за да се спречи заостанување зад САД.
Традиционалните финансиски гиганти и водечките финтек асоцијации испратија директно предупредување до Брисел. Актуелните регулаторни бариери за издавање и тргување со токенизирани хартии од вредност ризикуваат да го задушат пазарот на дигитални средства во Европа.
Коалиција од 28 институции — предводена од берзанските оператори Nasdaq и Boerse Stuttgart, поднесе официјално заедничко писмо до Советот на ЕУ и Европскиот парламен. Кон оваа коалиција се придружи и француската индустриска асоцијација Adan, како и Crypto Council for Innovation (CCI). Нивното барање е категорично. Европската Унија мора целосно да го отстрани или драматично да го зголеми предложениот праг од 100 милијарди евра за пазарна инфраструктура базирана на технологија на дистрибуирана книга (DLT). Нивниот предлог е прагот да биде најмалку 1,5 трилиони евра.
За да се разбере тежината на ова барање, клучно е местото на т.н. DLT Pilot Regime (Режим за тестирање на DLT). Стапувајќи во сила во март 2023 година, овој механизам функционира како регулаторен „sandbox“ на ЕУ.
Неговата цел е да им овозможи на берзите, инвестициските друштва и централните депозитари за хартии од вредност (CSD) да се „закачат„ на блокчеин. Тие ќе може да издаваат, евидентираат и порамнуваат дигитални акции, обврзници и удели во инвестициски фондови директно преку блокчејн. Притоа, учесниците добиваат привремени ослободувања од одредени застарени одредби на традиционалните европски рамки. Тука влегуваат регулативи како MiFID II и CSDR, кои оригинално бараат физички посредници и централизирани бази на податоци.
Сепак, за да спречи евентуални системски ризици, Брисел постави исклучително рестриктивен таван. Вкупната пазарна капитализација на сите токенизирани хартии од вредност регистрирани кај еден оператор првично беше ограничена на едвај 6 милијарди евра (со строг праг за излез од 9 милијарди). Согледувајќи дека институциите речиси и не го користат режимот токму поради овој минијатурен капацитет, Европската комисија неодамна предложи нов праг од 100 милијарди евра. За финансискиот сектор, дури и ова зголемување е далеку под реалните потреби.
Во писмото упатено до европските законодавци, коалицијата наведува три структурни проблеми со актуелниот предлог на Комисијата:
Лимитот не се однесува на дневниот обем на тргување. Се однесува на агрегатната пазарна вредност на запишаните хартии од вредност. Во светот на институционалните финансии, оваа е премногу низог праг. Со само неколку големи изданија на државни или корпоративни обврзници можат веднаш да го исцрпат лимитот од 100 милијарди евра, дури и ако секундарното тргување со нив е минимално.
Според коалицијата, постоечки европски проекти и иницијативи за токенизација на реални средства (RWA) веќе достигнуваат обем од над 350 милијарди евра, со јасни планови за натамошен раст.
Водечките пазарни инфраструктури во Соединетите Американски Држави немаат фиксни квантитативни ограничувања. Не од ваков карактер за порамнување и чување на токенизирани средства. Доколку ЕУ остане на крути административни граници, глобалниот капитал едноставно ќе ја заобиколи Унијата.
Поради ова, индустријата предупредува и инсистира. Доколку Брисел не е подготвен целосно да го елиминира лимитот, минималниот одржлив компромис мора да биде 1,5 трилиони евра. Сепак придружен со динамичен механизам кој ќе ѝ дозволи на Европската комисија редовно да го покачува прагот во чекор со растот на пазарот.
Барањето на институциите покажува дека институционалната токенизација и интеграцијата на блокчејн технологијата во традиционалните финансиски текови повеќе не се во експериментална фаза. Токенизацијата на акции, обврзници и фондови се трансформира во базична инфраструктура на дигиталниот капитал. За европските регулатори, наредните месеци ќе бидат клучен тест. Дали ќе овозможат регулаторна рамка со реален комерцијален капацитет или ќе ги принудат европските берзи и инвеститори да бараат ликвидност преку океанот.
Содржината објавена на Cryptool.pro има исклучиво едукативен и информативен карактер и не претставува финансиски, правен или инвестициски совет. Секое инвестирање во дигитални средства и финансиски инструменти носи сопствен ризик од загуба на капитал.