Новата крипто реалност за ЕУ, почнува од 01 јули 2026.
Новата крипто реалност за ЕУ, почнува од 01 јули 2026.
Крипто-пазарот во Европа се соочува со историско чистење. На точно една недела пред клучниот датум — 1 јули 2026 година — Европскиот регулатор (ESMA https://www.esma.europa.eu/) и официјално го означи крајот на транзицискиот период за MiCA регулативата.
Пораката од Брисел е јасна: Секоја платформа што нуди услуги во ЕУ мора да поседува валидна CASP (Crypto-Asset Service Provider) лиценца, во спротивно нејзината работа станува нелегална.
Итно повлекување: Сите нелиценцирани „офшор“ берзи мора веднаш да прекинат со прифаќање нови корисници од ЕУ и да започнат со планско гасење на операциите.
Рок за ликвидација: Платформите се обврзани јасно да ги известат корисниците до кој датум мора да ги повлечат своите средства пред тие да бидат автоматски замрзнати или ликвидирани.
Стоп за маркетинг: Се забранува секакво рекламирање на нерегулирани странски берзи на европско тло.
Гигантите како Coinbase, OKX, Bybit, Gate.io и KuCoin веќе обезбедија лиценци преку свои европски подружници и се наоѓаат во официјалниот регистар на ESMA, кој во моментов брои нешто повеќе од 230 одобрени фирми.
Совет за трејдерите: Пред да депонирате средства, задолжително проверете го регистарот на ESMA (https://www.esma.europa.eu/). Доколку ја нема вашата берза на листата, губите каква било правна заштита, а вашите криптовалути се изложени на сериозен ризик.
За да биде една крипто компанија запишана во престижниот регистар на ESMA и да добие дозвола за работа по 1 јули, таа мора да исполни четири исклучително строги услови кои целосно го менуваат досегашниот „див запад“ во индустријата:
Физичко седиште во ЕУ: Нема повеќе фантомски фирми од егзотични острови. Секој провајдер мора да има реална канцеларија и локален менаџмент во земја-членка на ЕУ.
Заштитени пари на клиентите (Segregation of Assets): Средствата на корисниците (фиат и крипто) мора да бидат целосно одвоени од оперативната сметка на берзата. Доколку берзата банкротира, вашите пари остануваат недопирливи.
Крај за анонимноста со “Travel Rule”: Секоја крипто трансакција мора да биде придружена со податоци за испраќачот и примачот, исто како во традиционалното банкарство, со цел спречување на перење пари.
Забрана за шпекулативни стабилни монети: Алгоритамските стабилни монети (како пропаднатиот Terra/Luna проект) се целосно забранети. Дозволени се само оние стабилни монети (stablecoins) кои имаат 100% реално и ревидирано фиат покритие во резерви.
Иако Македонија не е во ЕУ, овие правила стануваат глобален златен стандард. Берзите кои ќе останат надвор од овој систем ќе бидат означени како високоризични, што сериозно ќе им го отежне поврзувањето со банките за исплата на фиат (EUR/USD). Пазарот влегува во фаза на зрелост и сигурност, но анонимноста полека заминува во историјата.